Шест факти кои е добро да ги знаеме за нашата Македонија!

Нема Македонец кој не си ја сака својата земја и се гордее со нејзините убавини. Но, и’ покрај тоа има работи кои не ни се доволно познати.
Овие шест факти е добро да ги знаеме за нашата убава Македонија.

1. Се верува дека во црквите „Св. Богородица Пречиста” во Кочани, „Св. Јован Богорски” и „Св. Горгија Победоносец” во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.


2.Охридското езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.

3.Македонија е една од земјите кои има најмногу планински врвови. Врвови на дури 34 планини се наоѓаат во Македонија, а ниту еден не е понизок од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина е Кораб чиј врв достигнува 2.753 метри.


4.Една од најпознатите хуманитарки и добитнички на Нобеловата награда, Мајка Тереза е родена во Скопје. Во нејзина чест е изграден и меморијален центар.

5.Скопје преживеа неколку големи потреси. Најголемите се случија во 518. и 1963. година кога е уништен речиси целиот град, а во 18. век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена, а неуништени остнале само градбите од камен, како тврдината Кале.


6.Вардар тече низ речиси 90. отсто од територијата на Македонија, а минува низ скоро сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата” на Хомер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …