Сеќавање: На денешен ден почина нашата писателка Славка Манева

Славка Манева е родена во Скопје на 2 февруари 1934 година. Таа беше наша позната писателка за деца.

Завршила студии по книжевност на скопскиот Философски факултет. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Ги има објавено следниве книги:


„Свирипиле“,
„Џиџа“,
„Камчето на сакањето“,
„Волшебниот лифт“,
„Готварски сказни“,
„Виножитото што пее“,
„Од дедо Марковото торбуле“,
„Приказни без крај“,
„Куќата на божилакот“.

Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ печатени се книгите „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Има подготвено и преведено антологија на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори кај нас.


За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија.

Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …