#Седидома – „Престанете да ги убивате постарите луѓе!“: Глумица со брутална порака ги повикала младите на одговорност

Пејачката и актерка Хилари Даф на Инстаграм се огласила со бесна порака во која ги повикува младите да престанат да бидат неодговорни и да започнат да размислуваат за другите.


View this post on Instagram

Miss you


A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff) on


Таа побарала од помладите луѓе да започнат да практикуваат самоизолирање и да престанат да излегуваат.
„Сите вие кои продолжувате да излегувате и да се забавувате … Одете дома! Престанете да ги убивате старите луѓе“, рекла Хилари.
Хилари во видеото се појавила со својата едногодишна ќерка и се пожалила дека има потешкотии во избор на серијата за гледање за време на самоизолацијата.
Под фотографијата на која се гледа бројот на тестирани коронавируси во Америка, актерката рекла дека сите треба да бидат мирни, но паметни.
„Овие се ужасни времиња. Треба да останеме мирни, но паметни. Преземаме мерки да останеме здрави и да не ги доведеме во опасност мајките, татковците, бабите и дедовците“, напиша Хилари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …