Американската пејачка Анастасија (52) прошетала по црвениот тепих на овогодинешниот 78 -ми филмски фестивал во Венеција.
„Малата дама со голем глас“, како што ја нарекуваат припадниците на седмата сила, никого не оставила рамнодушен со нејзината комбинација на облека.
Кога се појави на музичката сцена во доцните 1990 -ти, оваа русокоса пејачка, висока само 157. см, се истакна со својот моќен вокал, провокативен стајлинг и енергични песни.
Таа се повлече од музичката сцена во екот на нејзината кариера во 2003. година, кога и беше дијагностициран рак на дојка. По тригодишна борба, таа ја надмина злобната болест, барем за некое време. На почетокот на 2013. година, таа беше принудена да ја откаже европската турнеја – ракот се врати.
Овој пат борбата траеше пократко и Анастасија повторно го победи ракот. Плашејќи се дека може повторно да се врати, по трет пат, русокосата пејачка се одлучи на храбар потег – имаше двојна мастектомија, односно ги отстрани двете гради. Иако се врати на музиката, ретко ја гледавме во јавност. Очилата, нејзиниот заштитен знак, беа целосно отфрлени по операцијата во 2005, година, а енергичната музичка дива се претвори во нежна русокоса.
Денес, Анастасија не е како музичката sвезда која носеше кожени панталони, кратки маички и ги охрабруваше жените во песните по љубовните бродоломи. Сликите од Венеција го докажуваат тоа.
Вчера, пејачката прошета по тепихот во прекрасна, женствена креација и ги воодушеви не само модните критичари, туку и посетителите на фестивалот. Едноставна фризура, коса собрана во спуштена опашка и ефективен накит ја истакна убавината на оваа пејачка, која позираше со славниот британски актер Џонатан Рис Мејерс на премиерата на италијанскиот филм „Freaks Out“.