„Риголето“ во петок на сцената на МОБ

Македонската опера и балет за 15 март го најавува „Риголето“, едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта – великанот Џузепе Верди.
„Риголето“ на Џузепе Верди е драма на човечкиот живот која јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста…
Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“, „Риголето“ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и (“La Donna è mobile”), и на воопшто, убавата мелодиска структура.
Диригент: Бисера Чадловска, Режисер: Нина Најденова (Бугарија), Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска, Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов
Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров.
Хорот и оркестарот на МОБ

фото: МОБ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …