Британската глумица Есме Бианко (36) која во мега популарната серија “Игра на Тронови” ја игра улогата на проститутката Рос, проговорила за насилството во семејството и врските и покажала лузни од бичувањето на грбот.
„Овие лузни се вистински. Моето семејство ме бичуваше ’во име на уметноста’. На тоа не гледав како на облик на насилство. Мислев дека тоа е нормално, бидејќи е во ’име на уметноста’. Некогаш оваа фотографија ја гледав со гордост, бидејќи сметав дека тоа е доказ на верност кон мојот злоставувач. Денес ја гледам со страв. Иако оттогаш поминаа многу години, сè уште имам ПТСП, а кошмарите кои ги имам поради тоа се сè полоши. Ме затвораа во соба и за мене сето тоа беше нормално, иако и ден денес имам трауми“, напишала британската глумица Есме Бианко (36).
Објавила и фотографија од себе во младоста и опишала што сè се крие зад таа фотографија.
“Оваа фотографија е од мој роденден пред многу години. Ноќта претходно бев заклучена во соба, бев сосема сама и не спиев. Во тоа време јадев малку и често ми беше забрането да спијам, бев сосема исцрпена психички и физички. На оваа фотографија момчето мое ми дава подарок. Иако имам насмевка на лицето, гледам празнина и страв во своите очи”, додаде таа.
Кога се извлекла од насилничкото семејство влегла во врска со насилен маж. Толку се плашела од него што ниту за роденден не можела да биде среќна.
Фановите во коментарите и пружиле подршка и многу позитивни коментари дека ја сметаат за јака жена којаможе се да преброди.