(ВИДЕО+ФОТО) Снимал риби кога се појавил голем кит и го голтнал:„Ме исплука, не му бев вкусен!“

Она што го доживеал Јужноафриканецот, Рајнер Симф (51) за време на нуркање е слично на библиската приказна за Јона.
Имено, Јона нуркал блиску до градот Порт Елизабет снимајќи сардини кога за малку ќе го проголтал кит.

„Само се појави пред мене, голташе риби и така ме вовлече и мене“, рекол Рајнер кому дури и нозете му виселе од устата на китот.


Остатокот од екипата со неверување го гледала овој призор.


„Само почувствував притисок околу струкот и веднаш знаев што се случило. Китот случајно ме вовлече во својата уста заедно со неговиот главен оброк, сардините“, навел Симф, наградуван стручњак за зачувување на подморскиот живот со 20. годишно искуство.

За среќа огромниот цицач увидел дека нешто не е во ред па само го исплукал. Рајнер се извлекол без никакви повреди. Кога видел дека се минало добро се вратил во водата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …