Со само две состојки, можно е да се направи сируп кој има голем број здравствени придобивки. Тие две состојки се млади зелени ореви и мед, кои заедно прават моќно соединение за кое вашето тело ќе биде благодарно.
Младите зелени ореви, кои меѓу другото се богати со витамин Ц, во комбинација со мед, стануваат дел од комбинацијата што помага на тироидната жлезда да работи подобро, го чисти црниот дроб, желудникот и крвта, но и за болести на грлото и респираторниот систем.
Покрај тоа, редовната конзумација на сирупот ќе помогне во зајакнување на имунитетниот систем, ќе ги ублажи проблемите предизвикани од менопаузата и ќе помогне при висок крвен притисок. Помагањето при анемија е уште една од низата придобивки на ова соединение.
Состојките за правење на сирупот се:
– 40 млади зелени ореви
– килограм мед
Подготовка:
– Младите зелени ореви измијте ги и исушете ги, а потоа исечете ги на половини или четвртини.
– Ставете ги исецканите ореви во тегла и прелијте го со медот.
– Потоа, оставете ја затворената теглата да стои 40. дена на светло место. Протресете ја смесата повремено, но без да ја отворите теглата.
– За време на 40. дена, во садот ќе се направи сируп во темна боја, благодарение на лековитиот сок што оревите ќе го ослободат во медот.
– Потоа можете да ги извадите оревите од сирупот кој е готов за употреба.
Доволно е да консумирате по една лажичка сируп секое утро, а сирупот е најдобро да го чувате на ладно и темно место.