Здраво и вкусно…
Состојки:
3 јајца
350 мл млеко
100 мл минерална вода
1 тиквичка со средна големина
50 гр истопен путер
250 гр остро брашно
сол, бибер
масло за пржење
пармезан за посипување
Подготовка: излупете ги, измијте ги и изрендајте ги тиквичките. Посолете малку и оставете да отстои 20 минути за да се ослободи вода. Потоа исцедете ги.
Во малку подлабок сад изматете ги јајцата, посолете и додајте црн пипер. Можете да додадете и други зачини по желба.
Потоа додадете брашно, млеко и минерална вода и направете смеса за палачинки. Смесата мора да биде малку погуста од онаа што обично ја правиме за палачинки. Ако е ретка, додадете малку брашно.
На крајот во смесата додадете ги изренданите исцедени тиквички и измешајте.
Палачинките традиционално се пржат во тавче.
Можете да ги сервирате наросени со пармезан, со сос од павлака или кој било друг сос по желба.

(Рецепт) Вакви уште не сте пробале: Мини палачинки со тиквички и пармезан
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.