(ВИДЕО+ФОТО) Бела Хадид жали што го оперирала носот и не растела како муслиманка: „Не ми беше дозволено тоа“

Една од најубавите жени во светот, манекенката Бела Хадид отворено зборувала за нејзината „ускратена можност да порасне како муслиманка“, откако била принудена да се пресели во Калифорнија со нејзината мајка како девојче.
25-годишната манекенка е ќерка на холандскиот супермодел и поранешна реалити ѕвезда Јоланда Хадид и палестинскиот претприемач Мохамед Хадид.
Таа е родена во Вашингтон, каде што ги поминала првите четири години од животот растејќи со палестинско семејство.
Меѓутоа, откако нејзините родители се развеле, таа била принудена да се пресели во Санта Барбара, Калифорнија со нејзината мајка, брат и сестра – Анвара и Џиџи. Бела тогаш имала само четири години, а во последното интервју за GQ објаснила како, откако се преселила, „и била ускратена можноста да ја истражи својата историја“.
Бела рекла дека посакувала уште како дете да ја учела и да ја практикувала својата вера, што било сон кој не се остварил.
„Сакав да пораснам покрај татко ми и да учам секој ден, воопшто да живеам во муслиманска култура, но тоа не ми беше дозволено“, рекла Бела.
Како често единствената Арапка во класот, таа редовно била подложена на расистичко малтретирање и прозивки.
„Толку долго ми недостасуваше тој дел од мене, и тоа ме направи многу, многу тажна и осамена“, рекла таа.

View this post on Instagram

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


Познатата манекенка, инаку, треба да го има своето актерско деби во серијата „Ramy”“, која ја раскажува приказната за „првата генерација американски муслимани кои се на духовно патување во нивниот политички поделен кварт во Њу Џерси“.
Таа признала и дека споменатата улога повторно и ја разбудила желбата да го прифати нејзиното наследство, а за време на снимањето се расплакала откако тимот ја изненадил со маица со натпис „Free Palestine“ (Слободна Палестина).
„Не можев да се справам со емоциите. Како личност која порасна како Арапка, првпат бев со истомисленици. Таму можев да се пронајдам”, рекла таа за атмосферата на снимањето.
Таа исто така додала дека нејзиното пријателство со ѕвездата на серијата Реми Јусуф и помогнало да се чувствува попријатно да ја истражува својата вера.
Потсетуваме, во мај 2021 година, Бела присуствувала на пропалестински протест во Њујорк, не избегнувајќи гласно да ја поддржи нејзината земја во екот на нејзината војна со Израел.


View this post on Instagram

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


„Го сакам моето семејство, моето наследство, ја сакам Палестина“, напишала таа покрај фотографијата од свадбата на нејзините баба и дедо во Палестина во 1941 година.
Исто така, на почетокот на оваа година, Бела признала дека жали што го оперирала носот на 14-годишна возраст, велејќи за Vogue дека би сакала да го „сочувала носот на своите предци“.

View this post on Instagram

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …