(РЕЦЕПТ) МУСАКА ОД ЗЕЛЕНЧУК  И СИРЕЊЕ Е ЛЕТНО ЈАДЕЊЕ! Толку вкусна и лесна што цело лето ќе ја подготвувате!

Изгледа фантастично а и вкусот ќе ве освои!
Состојки:
300 г модар патлиџан
300 г тиквички
300 г домати
350 г старо сирење
3 јајца
1 чаша кисела павлака
сол, зачини по вкус
Подготовка:
Измијте ги модрите модри патлиџани и тиквички, извадете ги стебленцата и исечете ги на кругови или потенки надолжни парчиња заедно со кора, додајте сол во садот и оставете еден час да отстојат, да се ослободи малку течноста. Доматите исечете ги на кругови.
Подмачкајте ја тавата, а потоа прво наредете модар патлиџан, прелијте со масло, па доматот, па тиквичките и покријте со парчиња сирење. Повторувајте додека има материјал и завршете со тиквички што ќе ги прелиете со преостанатото масло.
Покријте со фолија и ставете во рерна да се пече. Кон крајот на печењето, извадете ја фолијата и прелијте со изматените јајца со павлака и наросете со рендано сирење што останало. Вратете се’ во рерна да се запече уште малку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …