Раде Христовски избран за Гувернер на Ротари Дистрикт 2022/2023 на сите ротари клубови од Северна Македонија и Словенија

На 4 јуни 2022 година, во Блед, Република Словенија се одржа годишната конференција на Ротари Дистриктот 1912, каде на новиот гувернер Раде Христовски му беше врачена инсигнијата како симбол за извршување на гувернерската функција за ротаријанската 2022/2023 година од страна на досегашниот гувернер на Дистриктот, Душан Петерковиќ. На настанот присуствуваа голем број ротаријанци и пријатели на ротари движењето.

This image has an empty alt attribute; its file name is rotari-1.jpg


Христовски, на овој традиционален настан ја искажа својата благодарност, но и уверување дека во предвидената година ќе продолжи со интензивирање на континуираните остварувања на целите на ротаријанството на овие простори како гувернер на сите ротари клубови во Северна Македонија и Словенија. Пред присутните, тој истакна дека оваа позиција е многу респектибилна и одговорна функција во ротаријанските кругови и во рамките на Ротари Интернационал.

„За нас Македонците се оствари еден долгогодишен стремеж и желба да се има свој Дистрикт и свој Гувернер. Додека желбата за Дистрикт се оствари во 2016 година, кога македонските ротари клубови се здружија со словенечките, изборот за гувернерската функција врз основа на избор на Номинацискиот Комитет во Дистриктот, го добивме уште во 2019/2020 година, а за мандат во ротаријанската 2022/2023 година во периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. Честа е голема, но исто така и одговорноста”, рече Христовски.


This image has an empty alt attribute; its file name is rotari-2.jpg

Гувернерот Христовски додаде дека Ротари Интернационал е една од најреспектибилните сервисни организации на светско ниво и организација на лидери во својата професија која помага на заедницата локално и глобално, а добивањето на позицијата Гувернер на Дистрикт од Македонија треба да претставува признание и гордост за секој граѓанин во земјава.


Во моментов, во Дистрикт 1912 Северна Македонија и Словенија дејствуваат вкупно 78 Ротари клубови и 26 Ротаракт клубови за млади ротари од 18 до 30 години, односно повеќе од 1800 членови заедно.

Првиот Ротари клуб е основан во 1905 година кога четворица пријатели се сретнале во Чикаго за да разговараат за тоа како би можеле да работат заедно за да и помогнат на пошироката заедница. Оттогаш, Ротари се зголеми на меѓународно ниво на повеќе од 1,2 милиони членови во 200 земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …