Промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје вечер ќе се одржи промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ, во превод на Никола Кукунеш.

 Романот „Jазол“ во 2022 година ги добил некои од најпрестижните награди во Србија, наградите „Милош Црњански“ и „Владан Десница“.


Романот е во издание на Здружението за книжевност, култура и уметнос „ЕКС ЛИБРИС“ од Скопје и е објавена како дел од проектот Регионалната мрежа за културна разноликост (READ-Regional Network for Cultural Diversity) со поддршка од Европската Унија.

Промотори и модератори на разговорот со авторот ќе бидат Мите Стефоски и Никола Кукунеш. Одломки од романот ќе чита актерот Роберт Вељановски.


Дејан Алексиќ (Краљево, 1972), поет и автор на литература за деца. Дипломирал на Катедрата за српска литература и јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Објавил десет збирки поезија, една книга драми и преку дваесет книги за деца.


Добитник е на голем број значајни награди за неговото литературно творештво: „Васко Попа“, „Меша Селимовиќ“, Змајевата награда на Матица српска, Наградата на САНУ од Фондот „Бранко Ќопиќ“, „Мирослав Антиќ“, „Ристо Ратковиќ“, Наградата на Просвета, Матиќев шал, Бранкова награда.

За драмата „Вино и пингвини“ во 2010 година доделена му е Пекиќевата стипендија. Како автор на книги за деца застапен е во читанките и задолжителната лектира за основното образование во Србија.

Во оваа област награден е со значајни признанија.

Двапати е добитник на наградите „Политикин забавник“ и „Невен“, награди на Саемот на книгата во Белград, „Русото перче“ („Плави чуперак“), „Раде Обреновиќ“, Наградата на градот Ниш за литература за деца, Златното Гашино перо, Доситеевото перо, Наградата на радио Белград, како и меѓународните признанија „Малиот принц“ и „Белиот гавран“ („White Raven“).

мд/вг/Фото: „ЕКС ЛИБРИС“ Скопје  .

Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …