Промоција на романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ од Дијана Петрова

Денес во „Спомен домот на браќа Миладиновци“ во Струга со почеток од 19.30 часот почнува циклусот литературни настани посветен на литературата и издаваштвото. Честа е голема, што токму романот Излегувањето од сенка (тајното женско училиште) каде авторката Дијана Петрова се занимава/„ја запишува“ женската верзија на (и)сториите кои се ткаат околу ликот и делото на Миладинови, е првиот настан од овој циклус. Промотор на романот е Мерсиха Исмајлоска.

Романот на Дијана Петрова „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“ доаѓа како мелем за сите оние нешта што останале премолчени или недокажани, а се врзани околу дејноста на браќата Миладиновци.
Струшката промоција токму во домот на Миладиновци е начин да се покаже дека тоа е препознаено, како и да прати порака до сите намерници кои Миладиновци ги упатило кон Струга и Македонија, да ја прочитаат и оваа книга.


Дијана Петрова е родена 8.4.1992 во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословени книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е нејзина трета објавена книга.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …