На денешен ден е роден еден од најзначајните македонски режисери Столе Попов

На денешен ден во Битола е роден еден од најзначајните македонски режисери Столе Попов. Филмска режија дипломира во 1973 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. По дипломирањето Попов имал статус на слободен филмски работник. Од 1978 до 1988 година работел како режисер во Вардар Филм, а од 1985 до 1986 година ја вршел должноста на директор на филмска куќа. Од 1989 година, Попов работи како професор по филмска режија на ФДУ во Скопје, а од 1999 година Попов е член на Европската филмска академија.

Столе Попов ги има снимено играните филмови: „Црвениот коњ“ (1981 година), работен според истоимениот роман на современиот македонски писател Ташко Георгиевски. „Среќна нова 49“ (1986 година), „Тетовирање“ (1991 година), „Џипси Меџик“ (1997 година) и „До Балчак“ (2014 година).


За неколку од своите филмови, како документарни така и играни, Попов бил номиниран и за најпрстижната светска филмска награда „Оскар“ и тоа: Номинација за „Оскар“ на Американската филмска академија за филмот ДАЕ (1979), југословенски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот Среќна Нова ’49, македонски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот Џипси Меџик и македонски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот До Балчак.

За своите филмови, тој бил добитник на повеќе релевантни светски и југословенски филмски награди меѓу кои би ги споменале, Grand Prix (Златна Арена) за играниот филм Среќна Нова ’49 на југословенскиот филмски фестивал во Пула, Хрватска (1986), а филмот Gipsy Magic влегол во најдобриот избор (Best Selection) на престижната Европската филмска академија (European Film Academy), Берлин, (1997).


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да му го честита роденденот на нашиот голем режисер Столе Попов.

Фото: Википедија


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …