Промоција и разговор со писателот Драго Јанчар

Реномираниот и светски познат словенечки писател, Драго Јанчар, деновиве ќе гостува во Скопје во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. За време на неговиот престој, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира промотивен разговор со Јанчар за романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик го изработи Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија.

Разговорот со Драго Јанчар ќе се одржи денес – 18 септември со почеток во 19:00 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, а разговорот ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов.


Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …