Проклетството на славното семејство: Пронајдено телото на правнукот на Кенеди!

Телото на птавнукот на Роберт Ф. Кенеди било пронајдено во заливот Чезапикеј во средата, два дена откако тој исчезна со својата мајка додека биле во кану, објави Њујорк Тајмс.
Остатоците на осумгодишниот Гедеон МекКејн се пронајдени на околу 600. метри од телото на неговата мајка, Мејв Кенеди Таунсенд МекКејн,кое е пронајдено во понеделникот.
И двајцата последен пат биле видени во четвртокот како влегуваат во кану во близина на домот во кој престојувале, што е сопственост на мајката на Меив Таунсенд.


Таунсенд (40) е ќерка на поранешниот гувернер Кетлин Кенеди Таунсенд и внука на Роберт Кенеди, кој беше застрелан во 1969. година додека се обидуваше да ја добие демократската номинација за претседател.
Сопругот на Мејв Таунсенд Дејвид Меккејн оваа недела објави на својот Фејсбук дека неговата сопруга и синот си играле со топка што отишла премногу далеку, па со кану отишле да ја земат, а потоа биле повлечени од ветрот или плимата после што исчезнале.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …