(ФОТО) Прекрасни призори од Индија: Поради помалата загаденост Хималаите се гледаат првпат после 30. години

Поради помалото загадување на воздухот за време на пандемијата со корона вирус од Индија почнале да се гледаат делови на Хималаите. Жителите на градот Јаландхар во државата Пенџаб во Индија велат дека оваа сцена не е видена скоро 30. години, пренесува SBS Hindi.


Хималаите се видливи од оддалеченост од 200. километри, што порано не било можно. Индија е една од најнаселените земји во светот, а според IQAIR, градовите во Индија се меѓу најзагадените во светот.

Поради коронавирусот, државата вовела карантин и поради помалку автомобили на патиштата и намалена работа во фабриките, загаденоста на воздухот е намалена.

Во Индија досега се потврдени 5.000 коронавирусни инфекции и 149. смртни случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали …