Професионалните готвачи откриле тајна: Зошто во МЕЛЕНОТО МЕСО треба да се додава СОДА БИКАРБОНА!

Сода бикарбоната има многу широка примена во домаќинството.
Иако подготовката на јадења од мелено месо изгледа едноставна, потребно е да се подготви на вистински начин, за да изгледа убаво, како и да има најдобар вкус.
За успешна подготовка на мелено месо, професионалните готвачи користат сода бикарбона.
Ако додадете сода бикарбона на мелено месо, тоа ќе остане меко, а во исто време ќе добие убава боја за време на готвењето и нема да испушта многу вода.


Искусните готвачи тврдат дека е доволно да се раствори малку сода бикарбона во малку вода, а потоа да се измеша во сурово мелено месо и да се остави да отстои најмалку 15 минути (но не повеќе од 45 минути) пред да се готви.



Трикот е во едноставна хемиска реакција – сода бикарбоната ја зголемува pH вредноста на месото и со тоа го спречува врзувањето на протеините во месото. Благодарение на тоа, не се ослободува вишок вода.
На тој начин, месото ќе има убава боја, а исто така нема да има гумен вкус, што понекогаш може да се појави по долго готвење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица

Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети …