Проекции на филмот „Сестри” на Дина Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид

Македонскиот игран филм “Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Северна Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”.

Термини на проекции во Скопје – Кинотека на Северна Македонија:


1 февруари, вторник, 18:00 ч.

2 февруари, среда, 20:00 ч.


3 февруари, четврток, 18:00 ч.

5 февруари, сабота, 20:00 ч.


7 февруари, понеделник, 20:00 ч.

11 февруари, петок, 20:00 ч.

12 февруари, сабота, 20:00 ч.

28 февруари, понеделник, 20:00 ч.

Термини на проекции Св. Николе – Киноверзум:

04 февруари, петок, 19:00 ч.

06 февруари, недела, 19:00 ч.

This image has an empty alt attribute; its file name is sestri-1.jpg

Термини на проекции во Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”:

09 февруари, среда, 19:00 ч.

10 февруари, четврток, 19:00 ч.

Светската премиера на “Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот”, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки” каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.

Досега “Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден Германија.

This image has an empty alt attribute; its file name is Sestri2.jpg

“Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

“Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Продажени агенти на филмот се Cercamon.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …