(ФОТО) ГРАД КОЈ ОСВОЈУВА – Стокхолм, магична комбинација на копно и вода

Епитетот најубав град во Европа го добил благодарение на чудната комбинација на копно и вода, езерото Маларен и Балтичкото Море
Стокхолм се наоѓа на источниот брег на Шведска, изграден е на 14. острови, поврзани со мостови. Епитетот за најубав град во Европа го добил благодарение на чудната комбинација на копно и вода, езерото Маларен и Балтичкото Море. Целата област има 30.000 острови со различни големини. Ако имате среќа да патувате со авион во текот на денот, ќе бидете импресионирани од глетката штом капетанот ќе го објави слетувањето.

Една од најважните знаменитости е прекрасниот Гамла стан (Стариот град), кој се наоѓа на островот Стадшолмен. Гамла стан е епицентарот на Стокхолм и една од главните туристички дестинации каде се наоѓаат Кралската палата, кралските гробници и Парламентот. Во тесните и калдрмени улички често можете да ја сретнете кралската гарда која доаѓа на смена. Во тие моменти туристите љубопитно се свртуваат кон нив, ги фотографираат, но тие со брз и безбеден чекор одат до својата дестинација.



Напуштајќи го Стариот град низ огромна камена капија, која на некој начин ги поздравува, но и ги пречекува туристите, авантурата продолжува со прошетка низ улиците на Стокхолм. Како и во другите големи градови, сообраќајниот метеж е неизбежен, но се чини дека тука нема нервоза – Швеѓаните се опуштени и толерантни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Водокрст: здравите да се укрепат, болните да се исцелат, непријателите да се одвратат и секое добро од Бога да се добие

Овој ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа …