Приказната за тоа како Кијану Ривс воодушевил една баба ги топи срцата: „Јави и се…“

Покрај тоа што е холивудска легенда, Кијану Ривс е познат и како кул дечко, а доказ за тоа се бројни приказни како онаа кога го отстапува местото на непозната личност во возот или разговара со обожавател на аеродромот, а неодамна се појави и нова приказна која потврдува каков човек е овој актер.
Еден корисник на Редит ја сподели приказната за неговата баба која била заљубена во Кијану Ривс бидејќи ја потсетувал на нејзиниот сопруг кога бил млад. Ги гледала сите негови филмови кои и пружале утеха во најтешките моменти од нејзиниот живот.
„Таа имаше мозочен удар во седумдесеттите и последните 10. години од животот ги помина дома, а гледањето филмови и беше најголемото хоби, кое го замени времето со пријателите“, напишал тој на Редит.

„Јави се, сакам да разговарам со неа“
„Недолго откако излезе ‘Матрикс’, вујко ми беше на ручек во ресторан во Лос Анџелес, а на вратата се појави Кијану Ривс во придружба на една жена. Мојот вујко им пријде и им кажа дека неговата 80-годишна мајка е негов голем обожавател затоа што Кијану ја потсетува на нејзиниот сопруг во младоста“, додал тој.


Thank U Reaction GIF by MOODMAN - Find & Share on GIPHY

Актерот ја прашал дали го има мобилниот со себе и рекол: „Јави се, сакам да разговарам со неа“.
Разговараше со баба ми неколку минути, а таа беше целосно обземена од повикот.
„Таа беше многу изолирана, а неговата искрена љубезност и интерес што ги покажа се вистински доказ за тоа колку е голем човек“, споделил тој во објавата која предизвика вистинска лавина од воодушевување кај обожавателите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …