(ФОТО) Американска актерка го посетила Зеленски: „Светот ќе ја слушне вистината“

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше поддржан од луѓе ширум светот, а неодамна го посети и оскаровката Џесика Честејн.

Џесика го посети Зеленски во Украина, а по тој повод украинскиот претседател споделил неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Актерката во Украина пристигнала со воз, а на главната железничка станица во Киев ја пречекала официјална украинска делегација.
За време на средбата, Зеленски и се заблагодари на актерката за нејзината посета и го пофалила народот на Украина кога рекла дека се „многу храбри и силни“.
„За нас ваквите гостувања на познати личности се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува кај нас“, напишал тој.
Во оваа прилика актерката ќе ја посети и детската болница Охматдит, како и градот Ирпин, кој претрпе големи штети уште во февруари, пренесуваат локалните медиуми.



Да потсетиме, Џесика Честејн годинава доби Оскар за главната улога во биографската драма „Очите на Тами Феј“.
Позната е по улогите во филмови каде што како тема преовладува феминизмот, а поради таквите улоги се најде меѓу 100-те највлијателни личности во 2012. година.
Првата номинација за Оскар ја доби за улогата во драмата „The Help“, додека вторпат беше номинирана за улогата во трилерот „Zero Dark Thirty“.
Некои од другите филмови во кои таа е актерка се „Lawless“, „Interstellar“, „The Martian“, „Zookeeper’s Wife“, „Dark Phoenix“ и други.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …