Премиера на „Мајсторот за спомени“ – нова претстава на Јане Спасиќ – на 8. ноември во МКЦ

„Мајсторот за спомени“ е театарската претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија, која игра во Младинскиот културен центар – Скопје.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.


Екипа:
aвтор и режисер – Јане Спасиќ

Актери:


Ненад Митевски
Елена Кузманов
Мартин Јорданоски
Бојан Кирковски
Симона Спировска
Анастасија Аневска

Сценограф: Мартин Манев


Костимограф: Бранкица Јордановска

Дизајнер на светло: Владимир Димоски

Композитор: Дарија Андовска

Дизајнер: Матеја Николиќ

Маркетинг: Мартина Петреска

Продуцент: Филип Николовски

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Премиерата на претставата ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организација на настани во затворен простор.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …