Обичниот или слаткиот портокал е вид на омилено овошје кое обично го цедиме во сок, го јадеме сиров или го користиме за подготовка на десерти, но името не е гаранција дека секогаш ќе добиваме сочен залак.
Севилските портокали, пак, се горчливи, а во производството на сокови најчесто се користат портокалите од Валенсија.
Еден од начините на кој можете да препознаете сочно овошје е да го земете во рака и да ја почувствувате тежината – колку е потежок за неговата големина, толку посочен ќе биде портокалот. Оние кои изгледаат премногу лесни може да бидат суви. Црвстиот портокал исто така може да биде добар избор и избегнувајте меки овошја или оние со видливи оштетувања. Помирисајте ги – добри кандидати се и оние што мирисаат на зрело.
Деталот што ќе ви го олесни барањето сочни портокали е испакнатоста што се наоѓа на долната страна – спротивно на дршката: изберете ги оние овошја што ја имаат. Така барем велат бабите кои повеќе знаат за народната мудрост. Друга теорија е дека портокалите се послатки со поголема дупка – или „папок“. Во секој случај, ако купувате портокали на пазар, најдобро е да побарате од продавачот да ви даде парче за да го пробате.