ВЕЧЕРАТА е секогаш подобра во двајца, но што правите ако немате со кого да го споделите оброкот? Решението е едноставно, вечерајте со вашето куче.
На TikTok се појави видео кое брзо стана вирално, сними навистина симпатична двојка – маж и неговото куче како уживаат во убава вечера за двајца.
Њујорчанката Џема Колон една вечер влегла во ресторан и таму пронашла прекрасна сцена која ја снимила и ја споделила на TikTok, а видеото го погледнале преку 3,8 милиони луѓе.
„Видов една од најнеочекуваните глетки, која целосно ми го стопи срцето“, изјавила Џема за The Dodo. „Забележав дека кучето седи спроти сопственикот и се однесува како вистински господин“, вели таа.
@gemmsauce the purest friendship i ever witnessed 🥺 #nyc #dog #bestfriend #SyncYourMiO ♬ Married Life (From “Up”) – Sergy el Som
Кучето учтиво седеше
Овој сладок пар изгледал како да ужива во вечерата. Човекот пиел чаша вино и решавал крстозбор, додека кучето имало чинија со вода пред себе и учтиво седело. Луѓето во ресторанот се свртеле за да видат делче од необичната глетка, и сите имале едно нешто заедничко: насмевка од уво до уво.
„Во еден момент келнерката му даде комплимент на кучето за неговите добри манири, а човекот одговори дека го носи секаде со себе. Изгледа дека одлично се забавуваат”, објаснува Џема, чие видео им се допаднало на повеќе од 700.000 луѓе.
Фото: Принтскрин/TikTok