Спектакуларната Дафина Зеќири со приватен концерт на 23 јули во Тетово.
Познатата косовска ѕвезда, миленичка на албанската публика, веќе долги години ги освојува срцата на сите љубители на музиката со своите песни и извонредни сценски настапи. За нејзината успешна музичка кариера зборуваат бројните награди кои таа ги има добиено во изминатите неколку години, вклучувајќи прва награда на PolifestFestival, номинацијата за BOOM наградата и награда од публиката за истата, како и наградата за Најдобар RNB хит на TopFest 6.
Зеќири во својата кариера има испеано голем број хитови во соработка со многу други музички ѕвезди меѓу кои Blero& F-Kay,Capital T & 2po2, а во музичкото видео за нејзиниот хит FourSeason се појавува и мароканско-американскиот рапер FrenchMontana. Нејзината музичка кариера е во подем, а „миленичка на публиката“ е вистинскиот начин да се опише Дафина.
На 23 јули, со почеток во 21:00 часот, присутните ќе имаат шанса да ја слушнат Дафина Зеќири на приватен концерт на големото отворање на новото омилено место во градот – StarCasino Play4Win.
Концертот на Дафина ќе го назначи отворањето на најлуксузното место во градот, местото каде играат победниците, местото каде услугата, луксузот и приватноста се на прво место – домот на победниците.
Регистрирајте се во StarCasino Play4Win и добијте покана за спектакуларниот настан со приватниот концерт на Дафина Зеќири и уживајте во шоуто.
ПР текст