ПРЕКРАСЕН ПОТЕГ – ДИ КАПРИО ЕМОТИВНО ПОВРЗАН СО УКРАИНА! Холивудската ѕвезда платила ОГРОМНА донација поради ЕДЕН член на семејството кој многу го сакал!

Многу јавни личности се вклучија во активно помагање на Украина и бегалците од таа земја, поради моменталната ситуација што се случува на нејзина територија, а меѓу нив беше и легендарниот Леонардо ди Каприо.
Имено, популарниот актер донирал 10. милиони долари за поддршка на Украина, а како што пренесува германски RTL, причина за тоа не е само хуманоста на Леонард, туку и неговата длабока емотивна приврзаност кон таа земја.

This image has an empty alt attribute; its file name is di-kaprio-so-baba-mu.jpg
Бабата по мајка на актерот, Хелена Инденбиркен, е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова. Оттаму емигрирала со родителите во Германија во 1917. година, каде што е родена мајката на Ди Каприо, што многу влијаело на неговото воспитување, како што истакнал актерот во неколку интервјуа.


Ди Каприо бил многу близок и со својата баба, која од самиот почеток го поддржувала во кариерата. Хелен Инденбиркен, која почина во 2008. година на 93-годишна возраст, речиси до крајот на животот се појавувала со внукот и ќерката на премиерите на неговите филмови.

This image has an empty alt attribute; its file name is di-kaprio-i-majka-mu-i-baba-mu-premiera.jpg
Актерот не планирал да ја објави информацијата дека издвоил дури 10. милиони долари за поддршка на Украина. Пренесена е од Меѓународната фондација Вишеград, проект на Вишеградската група чија цел е финансиска поддршка на меѓународните иницијативи.
Ди Каприо, кој шест пати беше номиниран за Оскар и ја доби наградата за улогата во филмот „Revenant“ на Алехандро Гонзалес Инариту, со години се запишува на професијата актер и еколог.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …