(ФОТО) Есма Реџепова посвои 47. синови и ЕДНА ЌЕРКА: Еве како изгледа и што прави нејзината миленичка

Се сакаа и се поддржуваа, а Есма и јавно проговори за тоа колку и значи Елеонора
Пејачката Есма Реџепова, чија смрт ја потресе домашната јавност пред 6. години, беше позната по својата хуманитарна работа и големата љубов што несебично им ја пружи на своите наследници.
Имено, Есма имала дури 47. посвоени синови и една ќерка. Есма ја посвои Елеонора Мустафовска пет години пред нејзината смрт. Покојната пејачка била воодушевена од Елеонора и имала само пофални зборови за неа.
Кога Есма за првпат ја слушнала Малиша во живо како пее не можела да не биде бесконечно радосна.
За на век ќе остане во сеќавање тоа последното, но вредно кажување со кое Есма на Малиша и ја искажала својата воодушевеност:

This image has an empty alt attribute; its file name is esma-redzepova.jpg

“Сакам да продолжиш со своја соло кариера! Конечно те најдов! Ти ќе бидеш и мојата ќерка, бидејќи имам само синови, затоа сум среќна и како мајка и како пејачка. Кај тебе има се што треба да поседува една врвна интерпретаторка за светски музички сцени“,се последните зборовите кои и ги кажала Есма на Малиша, а еве се покажува дека тоа навистина е така.



Како член на Есмас-Бенд Малиша, има учествувано на голем број светски реномирани фестивали:Сигет-Будимпешта, Унгарија, Вомад Касерес, Шпанија, Мавацин Фестивал-Рабат, Мароко, Нортх Сеа Џез Фестивал-Ротердам, Холандија…..Во 2010 година со Есмас-Бенд учествува на Скопскиот-Фестивал, каде што има забележителен настап, а во 2013. година Малиша е еден од пратечките вокали на Евросонгот, во Малме-Шведска, кога Македонија ја претставуваше кралицата Есма Реџепова(со Лозано).

„Одлично се сложуваме исто како мајка и ќерка.Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско отколку машко и не се излажав.Елеонора студираше на Универзитетот во Скопје.Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендшт што ме придружува“, рекла легендарната Есма.


По завршувањето на училиштето, Елеонора почнала да гради музичка кариера, а пред неколку години на јавноста и се претстави под уметничкото име „Малиша“.
Младата пејачка не криела дека смртта на нејзината мајка и паднала многу тешко:
„Нејзиното заминување ме растажи до болка, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Сè уште верувам дека ме чува од небото и се радува што тргнав по нејзините стапки”, рекла таа еднаш.

Фото: Принтскрин/malisha


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …