Познат млад актер (34) ненадејно починал

Се уште не е позната причината за трагедијата.
Почина Коди Лонго (познат како Коди Ентони), актерот најпознат по улогата на Николас Алмејн во „Days of Our Lives“ на NBC и Еди Дуран во „Hollywood Heights“, потврди неговиот менаџер Алекс Гителсон за „Deadline“. Имаше само 34 години.
Лонго бил пронајден мртов во средата во неговиот дом во Остин, наведува TMZ. Неговата сопруга Стефани Кларк се загрижила кога не можела да дојде до него додека работела во локално студио за танцување, па повикала полиција. Кога пристигнале полицајците, можеле само да прогласат дека Лонго кој бил во кревет е мртов, објави TMZ.

– Коди беше целиот наш свет – кратко изјавила неговата сопруга во изјава дадена за Deadline.


This image has an empty alt attribute; its file name is kodi-longo.jpg

– Јас и децата сме скршени и целосно уништени. Тој беше најдобриот татко на светот. Секогаш и засекогаш ќе ни недостигаш, те сакаме – рекла уништената жена.
Причината за трагедијата се уште не е позната, а Коди зад себе ја остави сопругата Стефани и три малолетни деца.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …