После повеќе од две децении Џорџ Клуни се враќа на ТВ сериите

Насловот на книгата стана референца за апсурдните парадокси на бирократијата и неспособноста на поединецот да се избори со државниот систем…
Дваесет години по напуштањето на „E.R“, серијата која го направи голема ѕвезда, американскиот актер Џорџ Клуни се враќа на телевизијата. Тој ќе снима мини серијал, по романот на Џозеф Хелер „Catch-22“, објави Ројтерс.
Освен тоа, актерот ќе ја режира продукцијата од шест дела, каде што ќе дејствува како полковник Кеткарт, командант на главниот лик, Џон Јосариан. Снимањето ќе започне на почетокот на 2018. година, но имињата на другите луѓе во тимот се уште не се објавени.
Сметана за една од највлијателните книги од минатиот век, сатирата на Хелер за Втората светска војна раскажува за пилоти, кои се обидуваат да излезат од службата, глумејќи лудило. Сепак, според „Catch-22“, единствен начин да го докажат тоа, дека се лишени од здрав разум, е да се решат да исполнат мисија која е загрозувачка по нивниот живот. Насловот на книгата стана референца за апсурдните парадокси на бирократијата и неспособноста на поединецот да се избори со државниот систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …