Мејси Стренг го прославила својот 102. роденден.
Мејси пушела по 20. цигари дневно околу 75. години, додека во средината на деведесеттите не се разболела и била во болница.
Иако пушела по 20 цигари дневно, таа изјавила дека немала никаков здравствен проблем, туку едноставно решила да ги остави цигарите, но не и виното.
Таа исто така се пофалила дека пие и по една чаша вино пред да си легне, а откако се вратила од болница преминала на „Шардоне“.
Но, во глобала Мејси нема никаков здравствен проблем, а нејзиниот син Сенди (65) рекол:
„Кога пушеше куќата беше сета во дим. Таа работеше како секретарка и секогаш имаше цигара во уста додека работеше“.
Мејси изјавила дека таа мисли дека доживеала длабока старост бидејќи секојдневно јадела по една банана.
Иронично е тоа што нејзиниот сопруг починал на 65. години, и бил голем противник на пушењето цигари.