После 11. години пауза Софија Лорен повторно на филм

Италијанската актерка Софија Лорен се враќа на филмот по 11-годишна пауза. 86-годишната актерка ќе глуми во драмата на Нетфликс „Животот напред“, во режија на нејзиниот син, Едоардо Понти.
Софија ќе ја толкува Мадам Роза, Еврејка, која откако го преживеала холокаустот, се грижи за децата на починатите сексуални работници со кои некогаш работела на улиците. Таа развива нежно пријателство со Момо, дванаесетгодишно сираче од Сенегал, кое се обидело да и ги украде свеќниците, пишува „Гардијан“.
Филмот ќе има премиера во октомври во Рим, а потоа ќе биде достапен на Нетфликс.
Лорен рекла дека „ја зграпчила шансата“ да ја игра Роса, која ја потсетила на нејзината мајка. Претходно два пати работела со нејзиниот син. Последен пат меѓу во филмот „Меѓу странци“ во 2002 година.


Едоардо е нејзин син од бракот со режисерот Карл Понти, со кого беше во брак од 1966. година до неговата смрт во 2007. година.
Лорен го освои првиот Оскар во 1961. година за „Две жени“, а потоа и почесен во 1991. година за „кариера богата со незаборавни претстави кои имаат трајно уметничко влијание“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на сликовницата „Другарко“

Во дворот на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, денес, со почеток во 17:00 часот, …