(ФОТО) „Прекрасна Македонија“ – Ѓоко Ѓорчев со песна и дела за најубавата татковина!

И’ додека голем дел од нашите сограѓани летово побрзаа покрај езерата, Ѓоко Ѓорчев имаше поинаква агенда, секако поврзана со музиката бидејќи за него музиката е живот…
На својата верна публика прво и се обрати, последните месеци, со песната „Тука сме“ преку која со пријателите се обрати на македонската јавност дека ТИЕ се тука и во овие лоши времиња…време на корона вирусот.


Gepostet von Gjoko Gjorcev am Dienstag, 2. Juni 2020


Потоа, а и пред тоа, го имавме Ѓоко, редовно, со неговите најпознати арии од дневната соба…Испеа многу песни кои беа забележани на неговиот профил на Фејсбук, а денес ве потсетуваме на фрагмент од „Фантом во операта“


#FRAGMENT #OD #FANTOM #VO #OPERATANOSETE MASKI DRZETE DISTANCADA BIDEME ODGOVORNI🙏🙏🙏KE GO POBEDIME I OVA#PHANTOM #OF #THE #OPERA 💕😘🙏😘VE POZDRAVUVAM OD MOJOT DOM VAS GJOLE💕

Gepostet von Gjoko Gjorcev am Freitag, 3. Juli 2020

и на „ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN”

PORAKA I PESNA ZA NADEŽ DO SITE MOI PRIJATELI I FANOVI#TUKA #SUM #SEKOGAS #ZA #VAS 💕🙏#AKAPELA "ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN"#PESNI #VO #VREME #NA #KORONA🙏🙏🙏

Gepostet von Gjoko Gjorcev am Donnerstag, 2. Juli 2020

И, си одеа летните денови а Ѓоко Ѓорчев не седеше мирно…Тој си зацрта дека ќе ја сними познатата „Земјо моја“ од Кемал Монтено, но за македонската верзија текстот го напиша Огнен Неделковски – ќе го слушнете наскоро, испеан, прекрасен текст со прекрасните гласови на Ѓоко Ѓорчев, Кристина Палија, Кате Танева и Ирена Стефановска, секако се аудио снимено во студиото на Филип Стефановски.

Е, токму за оваа песна Ѓоко летото го искористи да прошета по нашата прекрасна Македонија за да избере пејсажи кои ќе бидат присутни во видеото на „Земјо моја“, секако најмногу ја прошета неговата околина – околу Неготино…

Скоро секој ден попладне Ѓоко со сопругата Благородна се упатуваше во некој одреден правец – да ја бидат уште еднаш, од друг агол пр5екрасната Македонија…


Викендов што измина беше (за некои) во знакот на „Макфест“. Субјективно сметаме дека Ѓоко Ѓорчев требаше да биде ел од ревијалната вечер, што поради победите а што и поради евергрините кои ги остави на овој фестивал. Но, тој ден по одржувањето на „Макфест“ ги покажа неговите 3 награди од овбој фестивал…

„#ТРИТЕ #МОИ #НАЈДРАГИ #НАГРАДИ #МАКФЕСТОВСКИТЕ❤️❤️❤️
МНОГУ НАГРАДИ НИЗ МОЈАТА КАРИЕРА
АЛИ ОВИЕ МИ СЕ НАЈДРАГИ
ТОА БЕШЕ ПРЕКРАСНО ВРЕМЕ ,КОГА СЕ ПЕЕЈА ГОЛЕМИ ХИТОВИ❤️✌️🇲🇰
СЕКОГАШ ИМ СЕ ПОКЛОНУВАМ НА ОВИЕ ТРИ ПРЕКРАСНИ ДАМИ❤️
“ЗА ЕДЕН ДЕН МОЛАМ”🎼
“ПОСЛЕДЕН ТАНЦ”🎼
“МОЈА ЗЛАТОКОСА“

И, ако мислевте дека тоа е се што Ѓоко Ѓорчев ни подготви, морама да кажеме дека се лажете. Најголемото изненадување кое го подготвува после пандемијата на корона вирусот е гостувањето на концертот на една голема светска ѕвезда. Иако е се договорено засега не би сакале да откриваме која голема ѕвезда ќе дојде во нашата татковина, за тоа потоа…

А, до следниот концерт на Ѓоко Ѓорчев (кој мораше да биде одложен поради коронавирусот) ви ја нудиме омилената песна на македонскиот Том Џонс од оригиналниот Том Џонс во негова изведба!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …