(ФОТО) ИСПОВЕД – Позната глумица поради сексуално злоставување си го променила името

„Поминав десет или повеќе години емотивно врзана за мојот насилник, не можев да се ослободам од него затоа што ме скрши на 17. години“, тврди Нола Палмер

Откако Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан дека сексуално ја злоставувал, актерката Нола Палмер исто така тврди дека таа била негова жртва кога имала 17. години.
На својот профил на Инстаграм, Нола тврди дека Џонатан и ја украл младоста и дека поради тоа го сменила името.
„Читајќи ги нејзините зборови и начините на кои го опиша Џонатан, веднаш почнав да плачам. Бев под стрес пред да успеам да ја прочитам статијата до крај. Јас ја носам болката и траумата на Џонатан и неговата злоупотреба веќе една деценија. Отидов толку далеку што го сменив името бидејќи во мојот ум тој го поседуваше и не можев да го погледнам без да го видам Џонатан“, напишала актерката.
„Поминав десет или повеќе години емотивно врзана за мојот насилник, не можев да се ослободам од него затоа што на 17. години ме скрши. За прв пат, благодарение на Емили и нејзината храброст, јавно можам да кажам дека Џонатан Ледер беше мојот насилник“, напишала таа.


Нола, вистинско име Бритни Нола Палмер, е родена во 1991. година во Канада и живее во САД. Таа е позната по улогата во серијата „Титани“. Таа инаку го чува приватниот живот далеку од очите на јавноста.
Фотографот сè уште не ги коментирал новите обвинувања. Тој претходно ги отфрли обвинувањата изнесени од Емили.
„Дали сте свесни за кого зборуваме? Таа девојка во тоа време беше гола во списанието „Treats!“, и таа скокаше гола во видеото на Робин Тик. Вие навистина сакате некој да верува дека таа е жртвата“, изјавил тој за „Њујорк магазин“ во тоа време.
ФОТО: ИНСТАГРАМ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …