Поранешниот сопруг и починал пред една година: „Се мажам во црквата каде што е погребан, дали е тоа себично?“

Иако венчавката стандардно треба да биде исклучиво среќен настан, една идна невеста свесно ја закажала свадбената церемонија во истата црква, каде што само една година пред тоа бил погребан нејзиниот прв сопруг.
„Мојот прв сопруг почина минатото лето, еден месец откако имаше тешка сообраќајна несреќа“, започнала невестата.
Иако лекарите првично мислеле дека ќе преживее, со парализа од половината надолу, за жал не успеал, па неговите родители организирале погреб во стара католичка катедрала.
„Цело време си мислев дека местото е убаво за погреб и поради некоја причина ми изгледаше погрешно таму да жалам“, рекла таа и додала дека дури и на својот прв сопруг му предложила таму да направат свадба.
Меѓутоа, набргу по неговата смрт, таа решила да го прифати запросувањето на новото момче, а парот планира да се венча овој месец, во мај 2022 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is nevesta-cita-2.jpg


„Многумина ме критикуваа затоа што продолжив со мојот живот толку брзо“, но мислам дека на сите ни е жал за луѓето кои не напуштија засекогаш“, рекла таа, а на својата втора венчавка планирала да ги покани родителите на нејзиниот прв сопруг.
Според неа, поранешната свекрва се радувала поради неа додека не слушнала каде ќе се одржи церемонијата. Таа се налутила и престанала да и се јавува.
„Сè уште планирам да направам свадба таму, но ме боли што родителите на мојот прв сопруг се против тоа, би сакала да ме поддржат“, им рекла таа на другите корисници на Редит, прашувајќи дали мислат дека тоа е себично.
„Секако дека е себично затоа што поминало помалку од една година од неговата смрт, а вие очекувате неговите родители да бидат среќни со вас, и уште „копате по нивните рани“ со изборот на место за венчавка“, се согласиле сите.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …