Починала кантри пејачка и актерка, добитничка на Греми награда

Американската пејачка Наоми Џад, добитничка на Греми наградата и член на групата „The Judds“, починала вчера на 76-годишна возраст.
Веста за нејзината смрт ја потврдиле ќерките Винона и Ешли Џад:
„Денес доживеавме трагедија. Ја загубивме нашата убава мајка по долга борба со ментална болест“, се вели во соопштението.
„Ние сме скршени. Знаеме дека колку што ја сакавме, толку ја сакаше и нејзината публика. Ние сме на непозната територија”, велат тие.
Наоми беше американска кантри пејачка и актерка. Во 2021. година, таа беше примена во „Куќата на славните“ како член на „The Judds“ заедно со нејзината ќерка Винона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …