Поништен конкурсот за визуелно решение на „50 години МКЦ”

На почетокот од годината во која славиме еден многу значаен јубилеј – „50 години МКЦ”, распишавме конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година.
Намерата беше најискрена: како и многу пати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува.
Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот.
Би сакале уште еднаш да се заблагодариме и да им честитаме на сите 51 апликант, да се заблагодариме на комисијата и да ви се заблагодариме на сите вас кои имавте трпение да почекате и формално да ги завршиме процедурите на една јавна установа пред да го пренесеме нашиот став.
Следете нѐ деновиве со нови објави за нови настани.
Славењето продолжува!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија игра претставата „Пар распар“

Во Театар Комедија, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете театарската …