(ВИДЕО) Пожарникарите дошле да ја спасат мачката од бандера, погледнете што им направила!

Пожарникарите често спасуваат мачки кои се качуваат на покриви, дрвја или столбови. Вообичаено се чини дека мачката тогаш е во безизлезна ситуација, па луѓето се јавуваат во пожарна да им помогнат да ги спуштат своите миленици бидејќи се плашат за нивниот живот и им се чини дека животното не може да се спушти самостојно.
Токму таков е случајот на видеото кое беше објавено на Фејсбук. Мачката била на самиот врв на навистина висок столб. Не мрднала, лежела на бандера. Се чинело дека мачката е во неволја.
Пожарникарите дошле да ја извлечат од висок столб. Отпрвин збунето ги погледнала пожарникарите, а потоа сфатила дека мажот нема да ја земе во раце, туку ќе ја стави во нешто како вреќа. Изгледа дека не и се допаднала таа идеја.


Следното нешто што го направила оваа мачка насмеало многу луѓе. Имено, мачката сама се симнала од столбот.
„Неочекувано“, гласи описот на видеото кое им се допаднало на 10.000 луѓе.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …