Полусестрата ја тужи Меган Маркл поради она што и го кажала на Опра: Комплицирани односи во семејството на војвотката

Сестрата на Меган Маркл, Саманта, поднела тужба против војвотката од Сасекс.
Саманта ја тужи својата полусестра Меган за клевета поради интервјуто што ѝ го дала на Опра Винфри со нејзиниот сопруг принцот Хари во март 2021 година, пишува TMZ.

Во 2021 година, Саманта објавила автобиографија во која зборува за сè, насловена како „Дневникот на сестрата на принцезата“. Во тужбата таа сега тврди дека некои од работите што Меган ги кажала за неа „нанеле штета на продажбата на нејзината автобиографија, ја спречиле да се вработи и предизвикале емоционален и ментален стрес“, наведува TMZ.


This image has an empty alt attribute; its file name is megan-markl-so-semejstvoto-i-duli.jpg
Тврдела дека Томас и платил на Меган да посетува „елитни и скапи приватни училишта“, додека војвотката изјавила дека таа работела сама за да го плати своето образование. Војвотката рекла и дека поминале „најмалку 18, 19 години“ откако не ја видела својата сестра, што Саманта тврди дека не е вистина.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


– Обвинетата не бил принуден на 13. години да работи на ниско платени работни места за да врзе крај со крај; обвинетата посетувала елитни и скапи приватни училишта и часови по танц и глума во Лос Анџелес платени од нејзиниот татко. Томас Маркл, исто така, го платил нејзиното факултетско образование во Нортвестерн, вклучувајќи школарина, кирија и трошоци за живот, па дури и позајмил пари за да ги покрие трошоците – тврди Саманта.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …