„Поезија на пат“ во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

„Поезија на пат“ е поетската вечер што ќе се реализира во четврток 23.8.2018 во 20.30 часот во ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп. На поетската вечер својата поезија ќе ја претстават поети – годинашни учесници на СВП.
Учесници
1. Vladimir Levchev – Владимир Левчев, Бугарија
2. Martin Glaz Serup – Мартин Глаз Серуп, Данска
3. Cosmin Perta – Козмин Перта, Романија
4. Hussein Habasch – Хусеин Хабаш, Курдистан
Поетите гости ќе ја претстават својата поезија на мајчиниот јазик, а потоа актер/водител ќе ја пренесе на македонски јазик.
На поетската вечер ќе биде претставена и поезијата на добитникот на „Златниот венец“ на СВП, поетот Адам Загајевски.
Целта на манифестацијата е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети. Воедно преку манифестацијата ќе се придонесе и за анимација на прилепската публика и запознавање со светска поезија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …