Натпреварот Next Image за избор на најдобра фотографија направена со мобилен телефон продолжен до утре на полноќ

Рокот за испраќање фотографии за натпреварот на Huawei – Next Image competition за избор на најдобра фотографија направена со мобилен телефон, наместо до 20-ти август, како што првично беше најавено, е продолжен до 23.08.2018 година до полноќ така што сите оние кои сé уште не испратиле фотографија со која имаат овековечено некој посебен момент, можат да ја искористат шансата и да го направат тоа.
“Поради техничките проблеми на веб страната на NEXT IMAGE, би сакале да се извиниме за непријатностите и да Ве информираме дека одлучивме да го продолжиме рокот за поднесување фотографии до 23.08.2018 година до полноќ, за да бидеме сигурни дека сите имаа можност да учествуваат на натпреварот. Гласањето на жирито ќе почне на 27.08 од 12 часот попладне и како што претходно беше планирано, ќе заврши на 31.08. Затоа посетете ја нашата веб-страница за да ги објавите вашите фотографии”, велат од Huawei.
Натпреварот Huawei Next Image competition побуди огромен интерес насекаде во светот поради шансата да се стане препознатливо лице во светот на фотографите со објавување на фотографија во National Geographic, како и можноста да се добијат вредни награди. Победникот на Grand Prix наградата ќе добие 10.000 евра, MateBook X и патување во Италија. Авторите на најдобрите три фотографии во секоја категорија (Лица, Добра ноќ, Здраво животе, Check-In, Природа, Приказна) ќе бидат наградени со парични награди, MateBook X лап-топи и мобилни телефони од P20 серијата. Авторот на фотографијата која ќе добие најмногу гласови, пак, ќе добие награда од публиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …