Подгответе се за снег и ладно: Еве што најавуваат од УХМР!

Пет дневната прогноза на УХМР навестува ниски температури, ладно и врнеѓи од снег, но и ветер – се чини дека зимата пристигна…

Времето денес (вторник) ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне главно на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од -4 до 4 степени, а дневните од -2 до 6 степени.
За утре (среда) се најавува променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од -8 до 2., а дневните од -2 до 8. степени.


This image has an empty alt attribute; its file name is zima.jpg

Во четврток ќе биде сончево и студено со мала до умерена, а вдолж Поварадрието со значителна облачност. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минимална температура: -7°C до 0°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.


Во петок ќе биде умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе провејува снег. Минимална температура: -6°C до 2°C. Максимална температура: 3°C до 10°C.

За сабота се најавува умерено до значително облачно, на места со провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минимална температура: -5°C до 3°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …