Прекрасна легенда која сигурно ќе ве фрли во празнично расположение.
Кога Исус Христос се родил во една пештера во Назарет, небото се отворило и целиот свет замолкнал да го дочека раѓањето на Спасителот. Единствената, светла ѕвезда на небото водела тројца мудреци од Исток сè до Богородица и нејзиниот син кои ќе го спасат човештвото. Мудреците му се поклониле на идниот Спасител и ги донеле своите дарови. После тоа пристигнале овчарите, па и тие се поклониле, принесувајќи ги своите дарови.
Над пештерата пораснале три дрвја – бор, кедар и ела.
Знаејќи на колку важен момент присуствуваат, дрвјата посакале да му дадат нешто на новородениот Исус и да се придружат на прославата на целиот свет.
Кедарот потоа ги затресол своите гранки и неговите игли паднале пред пештерата, исполнувајќи го целото место со прекрасен мирис.
Борот ги затресол гранките и на земјата паднале најубавите шишарки кои можеле да се запалат и на тој начин да ги загреат малиот Исус и неговата мајка.
Сиромтата ела тогаш горко заплакала. Таа немала да даде ниту миризливи игли, ниту топли шишарки. Таа навистина немала што да подари, па била ужасно тажна.
Солзите на елата ги видела блескава ѕвезда на небото. Многу ја трогнала искрената тага на оваа скромна елка која нема што да му даде на малиот Исус, па испратила мала ѕвезда да се спушти до самиот врв на елката.
Тогаш елата блеснала со ѕвездена светлина која ја осветлува целата област и, поклонувајќи се, ја спуштила ѕвездата пред пештерата за целиот свет да види дека таму лежи идниот спасител на човештвото.
Во чест на оваа стара руска легенда, во руските цркви и денес се украсуваат новогодишни елки. Кога украсуваме новогодишна елка и ставаме ѕвезда врз неа, всушност се сеќаваме на овој настан и на љубовта што ова дрво ја покажало кон Исус. Подароците кои се ставаат под елката потсетуваат и на раѓањето на Христ, бидејќи тоа е најголемиот подарок што им се дава на луѓето.