Подарокот за вселување открива колку кралицата Елизабета навистина ја сака Меган

Кога Меган Маркл и принцот Хари во март ќе се вселат во својот нов дом Frogmore Cottage блиску до Виндзор, на ѕидовите ќе обесат уметнички слики со непроценлива вредност кои ќе им ги подари кралицата Елизабета II. Според пишувањето на британските медиуми, 92.
годишната кралица својот внук и неговата сопруга веќе ги поканила да изберат неколку
уметнички дела од нејзината приватна збирка.

Треба да се истакне дека кралската колекција не ја чинат само дела на стари мајстори.
Станува збор за најголемата приватна колекција на слики во светот која ја чинат повеќе
од милион уметнички дела. Меѓу нив има ремек-дела на Рембрант и Тициан, Леонардо и Ван
Дајк, но и слики на Енди Ворхол и Луциано Фреуд.


Повеќето уметнини на кралицата датираат од времето на Чарлс I. кој владеел од 1600. до 1649. година и бил страстен собирач на дела од италијанските сликари и покровител на Ван Дајк и други уметници. После неговото ликвидирање целокупната колекција е продадена, но поголемиот дел е вратен после враќањето на монархијата по смртта на Оливер Кронвел.
Меѓу монарсите кои следеле имало големи љубители на уметнините кои ја збогатиле кралската колекција, како Џорџ III. и кралицата Викторија. Иако денес сопственик на целата колекција е кралицата Елизабета II., за неа се грижи фондацијата Royal Collection Trust.


Изборот на слики од збирката на кралицата е голема чест за Меган и Хари а исклучок не биле ниту принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. После венчавката во 2011. година и’ тие, на покана на кралицата, избрале уметнички дела за своите домови во Кенсингтонската палата и Анмер Хил.


Според пишувањето на списанијата Variety i Hello!,реновирањето на новиот дом на Меган и
Хари ќе чини околу 5,4 милиони долари а парот во него би требало да се всели во март. Само на еко-бојлер ќе бидат потрошени 92.000 долари, а внатрешноста на дворецот ќе го дизајнира стилистката Вики Чарлс.
Хари и Меган, според пишувањето на британските таблоиди, ѕидовите на детската соба ќе ги искречат со неутрална веганска боја изработена на база на масло на еукалиптус и рузмарин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …