Атрактивната 34. годишна манекенка Мануеал Ферера внела немир во љубовната врска на Кристиано Роналдо и Георгина Родригез.
Љубовниот живот на славниот португалски фудбалер е главна тема на бројни светски таблоиди. Наводно, неговата врска со преубавата Георгина дошла до криза, а причина е атрактивната Мануела.
Ферера на медиумите им открила дека Кристиано преку заеднички пријатели го барал нејзиниот телефон, а потоа почнале да разменуваат СМС пораки.
„Ми напиша дека сум убава. Баш излезе џентлмен, многу пристоен, тип на маж какви што сакам. Тој е секогаш окружен со убави жени и ми ласкаа комплиментите кои ги добив од него“, открила ферера.
Шушкањата за кризата во врската на Роналдо со Георгина започнале оваа недела откако таа сама отишла во Аргентина на погреб на нејзиниот татко.