(ФОТО) Овие три нутритивно богати намирници можат да му помогнат на вашиот мозок и да го поправат памтењето

Не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, паричникот, мобилниот? Размислувате каде сте го паркирале автомобилот? Вакви проблеми многумина искусиле, а дополнително можат да донесат стрес, стареење, замор и дехидратација. За среќа, памтењето може да се поправи, важно е чинијата да се наполни со нутритивно богати намирници.
Ако сакате да му помогнете на својот мозок подобро да функционира изберете ги овие три намирници.

1. Боровинки


Научниците докажале дека боровинките можат да го спречат или да го успорат когнитивниот пад благодарение на високиот дуел на антиоксиданси.
Истражувањето спроведено во 2012. година на универзитетот Харвард открило дека жените кои јаделе барем една шолја боровинки дневно го поправиле памтењето, а менталното стареење го одложиле за две и пол години.
Боровинките можете да ги јадете свежи или замрзнати, во облик на џем, да ги додадете во каша од овес и јогурт или од нив да направите сок.


2. Какао во прав


Сосема сигурно сте слушнале за предностите на чоколадото, а какаото во прав е всушност темно чоколадо. Флавоните во какаото се поврзуваат со подобрена когнитивна функција. Имено, какаото содржи спој на епикатехин кој ја подобрува циркулацијата и растот на крвните жили. Подобар проток на крвта значи повеќе кислород во мозокот, а со тоа и негова подобра функција.
Само внимавајте да не изберете какао кое е премногу обработено, односно кое нема горок вкус бидејќи со тој процес се уништуваат флавоните. Какаото можете да го пиете самостојно но и да го додадете во јогурт, или по ваш вкус.

3. Кафе

Се покажало дека кофеинот во кафето ја зголемува будноста, го поправа расположението и ги поттикнува когнитивните функции. Се смета дека користа на мозокот доаѓа од кафето поради комбинација на кофеин и антиоксиданси.
Во кафето можете да уживате и кога е топло и ладно, а некои дури го додаваат и во смути

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …