Почнува 47. МОТ 2022 посветен на БИШ

Со дуо драмата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ на Народниот театар започнува 47 Млад отворен театар, кој годинава како своја програмска определеност ја има македонската продукција.
„Во чест на еден од основачите на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година, годинава востановуваме и награда БИШ, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. МКЦ како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири.“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

This image has an empty alt attribute; its file name is MOT-2022_red.png


Претставата „Кислород“ е една од осумте претстави кои ќе се натпреваруваат за наградата „БИШ“. По освојувањето на гран при наградата на фестивалот за дуодрама „Бранко Ѓорчев“, и својата изведба на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград, Бугарија, „Кислород“ ќе го погледне и мотовската публика.
„Кислород“, преку човековата потреба и желба слободно да дише, навлегува длабоко во потребата на човекот да живее, да живее живот полн со љубов, среќа, емпатија, солидарност, наспроти одразот во огледало кој денешниот човек се почесто го гледа“ – вели режисерот Иван Јерчиќ.

Ова претстава заедно со уште 22 драмски перформанси ќе ги заземат сцените низ Скопје во рамки на десет дена, од 10 – 19 ноември.


Инаку на 18-ти ноември имаме вечер токму посветена на Биш, која ќе даде комплетен осврт на Љубиша Никодиновски – Биш и неговиот придонес кон театарската уметност во земјава.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите, за што ќе добиете навремена информација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …