(ВИДЕО+ФОТО) Архитекти пронашле генијално решение: Погледнете ја најмалата куќа во Лондон!

Архитектите Нина Толструп и Џек Мама ја реконструирале поранешната такси канцеларија од само 13. метри квадратни, земајќи инспирација од дизајнот на кампери и помали јахти.
Минијатурните станови од само неколку метри квадратни станаа секојдневие во бројни светски метрополи каде што трошоците за живот се високи, а побарувачката е исклучително висока.

This image has an empty alt attribute; its file name is najmala-kukja-vo-london-1.jpg
Сепак, мал стан не мора да биде синоним за пренатрупан простор каде што не можете да се движите. Тоа го докажа архитектонското студио „Студиомама“, кое решило да реновира минијатурна еднокатна куќа во Ислингтон, северен Лондон, во удобно место за живеење.
Архитектите Нина Толструп и Џек Мама ја реконструирале поранешната такси канцеларија од само 13. метри квадратни, земајќи инспирација од дизајнот на кампери и помали јахти. Иако многумина веруваат дека ова е најмалата куќа во Лондон, сепак има место за бања со тоалет, кујна со трпезарија, спална соба, па дури и простор за работа и релаксација.


View this post on Instagram

A post shared by studiomama (@_studiomama)


Тајната се крие во мултифункционалниот мебел од иверица кој се прилагодува на потребите. Големиот гардеробер, на пример, крие кревет на преклоп кој може да се подигне и спушта по желба.
Трпезариската маса со клупа за две до четири лица може да се прошири и да се претвори во место за ручек за шест лица. Од плакарот можете да извлечете и стоечко биро, кујнска површина за сечкање зеленчук и клупа за истегнување на нозете по долг работен ден.
Ова место изгледа како пријатно место за живеење благодарение на големите прозорци кои пропуштаат многу дневна светлина, но и неутралните бои на мебелот.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …