(ФОТО) Мистериозна смрт на турската „Тифани“: Љубовникот дури после 20. часови го пријавил исчезнувањето од бродот за крстарење

Мистериозна смрт и се случила на богатиот претставник на моќната империја која тргува со накит „Тифани“ на територијата на Турција, Дилек Ертек.


Дилек за време на пловењето паднала од брод за крстарење и починала, пишува Daily Mail, на 26 октомври од бродот Norwegian Spirit во морето кај брегот на Тахити.
Турскиот весник Сабах објави дека нејзиното семејство повикало полиција и барало да биде сослушан нејзиниот партнер, швајцарски државјанин, кој бил со неа на крстарењето.
Нејзиниот син Гокче Атук изјавил дека кобната ноќ од сефот во кабината на неговата мајка исчезнал и вреден накит.
Иако прегледот на надзорните камери утврдил дека Ертек паднала во морето околу три часот наутро, нејзиниот неименуван љубовник го пријавил нејзиното исчезнување дури 20. часа подоцна.

Нелогичности
Експертите се збунети како жена која е висока само 157 сантиметри и која никогаш не пиела алкохол успеала да падне преку оградата на својата кабина висока повеќе од еден метар.
Нејзиниот 74-годишен партнер бил чуван во посебна кабина додека бродот не се закотвил на Тахити три дена подоцна.
Откако пристанале, бил сослушан во полиција, но подоцна поради недостиг на докази бил ослободен и набрзо се вратил во Швајцарија.


Крузер
Дилек Ертек се качила на бродот на 24. октомври на островот Папете во Француска Полинезија, за да го прослави својот роденден на 5. ноември во Бора Бора, мал остров во јужниот дел на Тихиот Океан. Крузерот пловел кон Хонолулу, Хаваи.
Потрагата по нејзиното тело била организирана веднаш штом било утврдено дека паднала во морето, но безуспешно, а бродот потоа тргнал кон најблиското пристаниште на островот Папете.

Нецелосна истрага
По прегледувањето на снимките од надзорните камери, било утврдено дека едно лице всушност паднало од бродот во тоа време, јавуваат турските медиуми.
Медиумите објавија и дека имало проблеми со истрагата за овој настан и дека кабината на г-ѓа Ертек не била соодветно прегледана. Некои веруваат дека властите на Тахити само го започнале процесот, но не го следеле затоа што смртта настапила надвор од нивната јурисдикција.
Но, адвокатите на Дилек Ертек, наводно, рекле дека истрагата е одговорност на Тахити бидејќи таа била најблиската земја кога се случил инцидентот на море. Наводно, адвокатите се подготвуваат да поднесат тужба против бродската компанија.
Гокче Атук, наводно, отишол на Тахити за да помогне во претресот, кој сега е прекинат, што го поттикнало да ангажира адвокати.
Капетанот Мустафа Чан, наводно, рекол: „Тешко е да се падне од овој тип на патнички брод за крстарење“.

Која е Дилек?
Дилек Ертек е родена во Истанбул и дипломирала на Универзитетот Мимар Синан, отсек архитектура. Таа продолжила да студира дијаманти на Гемолошкиот институт на Америка во Њујорк. На крајот на 1995 година, таа ја отворила првата продавница Тифани во Истанбул. Таа беше дистрибутер на Тифани за Турција повеќе од 20 години.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …